СКАНДАЛ ВО ИРСКА: Во католички сиропиталишта починале 9.000 деца

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Комисија во Ирска, која го истражува скандалот во поранешните домови на самохрани мајки, објави денес дека 9.000 деца починале во оние институции што со децении ги воделе католички чесни сестри.

Премиерот Мајкл Мартин изјави дека ќе упати „јавно извинување“ до ирската држава. Како што се наведува, нивото на смртност во институциите кои беа отворени до 1998 година е загрижувачко.

Овие домови, управувани од чесни сестри, примале девојчиња и млади жени кои биле одбиени од нивните семејства. Институциите се сметаа за нелегитимни и често се случуваше мајките да се одделат од децата кои биле предадени на посвојување. Комисијата, која го објави извештајот, беше задолжена да го испита високото ниво на смртност кај децата во тие поранешни институции помеѓу 1922 и 1998 година.

Извештајот на Комисијата опишува „мрачно и срамно поглавје од поновата историја на Ирска“, рече премиерот.

Мартин издвои „сериозна и систематска дискриминација на жените, особено оние кои имале вонбрачни деца“.

Истрагата беше отворена во 2015 година, кога историчарката Кетрин Корлес рече дека околу 800 деца во една таква институција починале и биле погребани во заеднички гроб во периодот од 1925 до 1961 година.

Слични содржини