Неверојатни сцени доаѓаат од Италија, каде тренерот на Торино, хрватскиот стручњак Иван Јуриќ имал физичка пресметка со неговиот спортски директор Давиде Вањати.
Синоќа стана вирално видео од расправија на двајцата вработени во Торино на паркингот, на кое Вањати му вика на Јуриќ.
Двајцата си размениле неколку зборови, по што Вањати целосно ги изгубил нервите и го нападнал Јуриќ. После тоа тренерот го оттурнал, па вербалната пресметка продолжила. Разговорот, колку и да е гласен, не е баш најартикулиран.
„Ти го спасив животот. Не с**и, сакам да заминеш од тука!“, му рекол Јуриќ на својот спортски директор.
„Секогаш сум те бранел, дури и од оној ку**глвиот! Потребна е малку почит!“ му викна Вањати на Јуриќ.
Не е јасно за кого зборува Вањати, но италијанските медиуми се сомневаат дека се работи за претседателот на Торино, Урбано Каиро, кој има прилично лоша репутација во италијанскиот фудбал, а сега се чини дека истото важи и во редовите на клуб чиј мнозински сопственик е тој.
UNBELIEVABLE video from Torino pre-season camp.
Manager Juric and sports director Vagnati in a brawl.
At some point sports director screaming: “Have some respect for who always defends you in front of that dickhead!” likely referred to Torino president!
pic.twitter.com/YnUtScSDZF— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 27, 2022
Италијанскиот печат шпекулира и дека Јуриќ е лут поради недостигот на засилувања во клубот, иако дефанзивецот Бремер кој потпиша за Јувентус го напушти Торино за повеќе од 50 милиони евра.
Сепак, Вањати денеска се обиде да го „изгаси пожарот“:
„Имаше дискусија, како што видовте, сигурно не е убаво да се види, но кога двајца луѓе навистина се грижат да ги прават работите како што треба, такви работи се случуваат“, изјави Вањати за Sky Sport Italia.
„Јуриќ секако сака играчи што е можно поскоро, ние во клубот се обидуваме да го направиме тоа што е можно на тешкиот трансфер пазар. Ќе ги донесеме играчите што ги сака“, рече директорот на клубот и продолжи:
„Кажавме што имавме да кажеме, па се прегрнавме. Ние сме двајца вистински мажи, двајца многу искрени луѓе кои ги кажуваат работите на луѓето, па благодарение на оваа дискусија можеме повторно да продолжиме напред на најдобар можен начин за Торино“.
„Имаме одличен тренер, ќе се обидеме да ги направиме вистинските работи што е можно поскоро, бидејќи вистината е дека мораме да донесеме повеќе играчи“.
Во секој случај, претстои тежок период за една од најстарите и најпопуларни екипи во Италија.