На поранешната премиерка на Велика Британија, Елизабет Трaс, ѝ била пресметана сметка од 12.000 фунти, односно 15.000 долари, кои ги направила на имотот Чивнинг додека се подготвувала да ја преземе премиерската функција.
„Лиз го користеше овој простор со близок круг соработници за да одржува состаноци кои навечер честопати се претвораа во забави“, открил за „Тајмс“ извор близок до владејачката партија.
Таа ќе се обиде да ја оспори оваа сума за трошоци за храна и пијалоци, како и исчезнати бањарки и папучи, бидејќи на тие состаноци присуствувале високи државни службеници, меѓу кои и секретарот на кабинетот и шеф на британската државна служба, Сајмон Кис.
Лиз често го користела селскиот имот од 17 век во близина на Лондон за да биде домаќин на настани кон крајот на август и почетокот на септември минатата година, објави „Тајмс“.
Во Чивнинг хаус, таа разговараше со советниците за спроведување на политичка програма во случај да биде избрана за лидер на владејачката Конзервативна партија и, како резултат на тоа, за британски премиер, пренесе весникот.
Британската влада ги плаќа трошоците за службените работи во Чивнинг хаус, но не и за забавувањеро на личните гости или трошоците за правење партиски политички „зделки“.
Официјалните лица, според извори, стапиле во контакт со Трас и јасно ѝ ставиле до знаење дека треба да плати за се што исчезнало, како и за храната и виното што таа и нејзините помошници ги консумирале. Сепак, останува отворено прашањето зошто било потребно толку време за да ѝ биде издадена сметката.
Неплатените сметки се однесуваат на периодот од 19 до 21 август и од 2 до 4 септември минатата година за време на кампањата за лидер на ториевците.