Скандал во Рим: Украинка напуштила меч со Русинки и не се вратила

од Nikola Popovski
330 прегледи

Украинската тенисерка Марта Костјук се повлекла од мечот на Мастерсот во Рим.

Во дубл со Романката Елена Габриел Русе играле двојки против Вероника Кудерметова и Анастасија Пављученкова.

По првиот сет, кој го добиле Русинките со 6:1, Костјук едноставно го напуштила теренот без објаснување и не се вратила

Таа не сакала блиски контакти со руските спортисти, а била една од оние кои испратиле отворено писмо со барање на Русите да им се забрани учество на турнирите.

Причината е војната која започна во Украина на крајот на февруари, кога Русија изврши агресија врз таа земја.

Војната трае повеќе од два месеци, а Украинците на секој начин се обидуваат да ги спречат Русите и нивните спортисти.

Костјук беше една од тенисерките која откри дека ги избришала броевите на руските колеги од телефонот и рекла дека не ги гледа како пријатели.

Потсетуваме, Вимблдон е еден од турнирите кои годинава ги затворија вратите за руските и белоруските натпреварувачи.

АТП и ВТА не сакаа да го направат тоа, но им го одземаа правото да настапуваат под симболите на својата земја.

Слични содржини