Скандал во Скопје: Елмази откри џиновски објект без дозвола, бара одговори од Арсовска!

од Марта Пешевска
68 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, засега не даде изјава поради обвинувањата за бесправна градба во општина Сарај, што ги изнесе претставникот на коалицијата ВЛЕН, Мухамед Елмази. Тој јавно ја повика Арсовска да се изјасни дали објектот без дозвола, за кој објави фотографии, е поврзан со нејзиниот соработник и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Елмази остро го критикуваше молкот на градоначалничката и постави прашања дали таа има некаква врска со сопственоста или дел од бизнисот на Беџети, или пак само го користи своето влијание за политички цели. Дополнително, тој истакна дека градот Скопје се соочува со сериозен проблем со хигиената, особено во пресрет на празникот Бајрам, нагласувајќи дека состојбата со ѓубрето е алармантна и се влошува.

Елмази најави дека наскоро ќе побара официјални одговори и ќе се обрати и до Јавното обвинителство за да се расчисти целата ситуација.

Слични содржини