Скандал во Советот: ВМРО-ДПМНЕ бега од својата сопствена точка за Сарај!

од Марта Пешевска
158 прегледи

На денешната седница на Советот на Град Скопје, дојде до неочекуван пресврт – советниците од ВМРО-ДПМНЕ самите се откажаа од иницијативата што ја покренаа, односно повлекоа предлогот за одржување на вонредна седница за проблемот со дивоградбите во општина Сарај.

Иако токму тие ја иницираа оваа точка, во текот на дискусијата се случи хаос. Градоначалничката Данела Арсовска, пред почетокот на седницата, ги потсети присутните на случаите со нелегални градби во општина Чаир. Таа остро го нападна градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, обвинувајќи го за злоупотреби и фалсификати, што дополнително ја подгреа атмосферата во салата.

Настапот на Арсовска предизвика бурни реакции и гласно негодување од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Среде расправијата, нивниот претставник, Стефан Кирков, излезе со став дека ваква седница не може суштински да придонесе за решавање на проблемите, по што партијата ја повлече иницијативата за вонредна седница. Овој потег предизвика дополнителни реакции кај јавноста, со прашања зошто се повлекува тема што самите ја отворија, особено кога станува збор за сериозен урбанистички проблем како што се дивоградбите.