399
Невидени скандали продолжуваат да го тресат тенисот. По депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија, сега сме сведоци на нова необична приказна бидејќи тенисерот Алекс де Минор е еден од оние кои се под истрага за купување на лажна ковид-потврда.
Ова го соопшти шпанската полиција за „AFP“, француска агенција, која пренесе дека полицијата потврдиле дека станува збор за тенисер кој настапува на елитните грен слем турнири.
Тој е меѓу познатите личности кои го купиле овој сертификат, а Де Минор моментално е 32-ри играч на планетата. Оваа измама му помогнала да се натпреварува на Австралија опен, каде стигна до осминафиналето.
Тој пред почетокот на турнирот го исмејуваше српскиот рекет број 1 поради сложената ситуација.