Скандал во Викторија Сикрет, шефот сексуално вознемирувал модели

358 прегледи

Шокантни тврдења ја детализираа наводната токсичност во рамки на организацијата „Викторија Сикрет“, вклучувајки обвиненија против највисокиот извршен директор за наводно малтретирање на супермоделот Бела Хадид, но и безброј други.

Њујорк Тајм интервјуираше повеќе од 30 сегашни и поранешни директори, вработени, изведувачи и модели кои работеле за компанијата, за нејзините културни практики. Поточно, натписот го истакнува однесувањето на Ед Разек, кој беше извршен директор на брендот и го водеше познатото модно шоу на Викторија, кое компанијата го откажа минатата година.

Натписот го обвинува Разек (71) за наводно несоодветно однесување, вклучувајќи го и тоа што барал од моделите да му седнат во скут, се обидувал да ги бакне, вербално ги малтретирал како и ја користел неговата моќ за влијание врз нивните кариера во замена за негови лични потреби. Компанијата, специфично нејзиниот основач и главен извршен директор Лесли Векснер, се вели дека не сториле ништо за да се реши овој проблем.

„Обвиненијата во ова известување се категорично невистинити, погрешно прикажани или изнесени од контекст. Имав среќа да работам со безброј модели од светска класа и професионалци и се гордеам со меѓусебната почит која ја имаме едни за други“, рекол Разек во е-поштата која ја пратил.

Во еден шокантен пример, четири сведоци рекле дека работеле со Хадид во 2018 година, со цел да се осигураат дека долната облека, за време на ревијата, ќе биде со стандардите на мрежото покривање. Тие рекле дека Разек седел и го гледал фитингот од каучот.

„Заборави ги гаѓичките“, рекол тој, наводно забележувајќи дека најголемото прашање е дали или не ТВ-мрежата ќе ѝ дозволи да се прошета „по пистата со тие совршени гради“, пренесува Фокс Њуз.

На истиот фитинг, тој бил обвинет дека допирал друг модел во меѓуножјето. А друг пример, сведочи дека Разек се бодиел да бакнува 19-годишен модел, кој иако го одбила тој продолжил да и праќа мејлови и барал од неа да се всели со него. Откако моделот ја одбил понудата да вечера во неговиот дом, нејзиниот договор со компанијата не бил продолжен.

Слични содржини