268
Поранешниот шпански арбитер Итуралде Гонзалес, кој ја анализираше судската одлука за „AS“, е категоричен дека судијата Мајкл Оливер погрешил, кога досудил пенал за Реал Мадрид.
Како што е познато, до 93-тата минута Јувентус водеше со 3: 0 на „Бернабеу“ и средбата одеше во продолженија, кога Меди Бенатиа го поттурна малку Лукас Васкез, кој падна во пеналтикот, по што следуваше пенал за Реал Мадрид.
Играчите на Јуве беа лути на судијата, што доведе до црвен картон за легендата Џиџи Буфон. Роналдо ја затресе мрежата од белата точка и го рангираше Реал во полуфиналето.
„Фаулот на Бенатиа против Лукас Васкез не е доволен за судијата да досуди пенал. Тој не требаше да покаже на белата точка“, рече Итуардо Гонзалез.