Скандалот со Онишченко е тежок удар, нагласи Османи

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, потенцирајќи дека земјата од него може да излезе посилна.

Тој, во интервјуто за ТВ „Телма”, посочи дека случајот со македонското државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.

– Не смееме ова да го оставиме настрана. Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во последните години, потенцираше Османи.

Слични содржини