Скандалозен коментар на руски новинар: Полјаците и Левандовски се одвратни суштества

од Nikola Popovski
294 прегледи

Со победата против Шведска (2:0) во дополнителните квалификации за СП 2022, репрезентацијата на Полска се пласираше на Мундијалот. Сепак, патувањето во Катар беше значително полесно за Полјаците по суспензијата на руската репрезентација (на 24 март требаше да играат меѓу себе) од ФИФА и УЕФА. Фудбалскиот успех на Полјаците и фактот што нивната земја е најполитички ангажирана во заговарањето санкции и хуманитарна помош за украинскиот народ, не беше добро прифатен во Русија, пренесува СН.

Посебно од професионален аспект, скандалозно одекна анализата на рускиот коментатор Антон Анисимов на телевизија која ќе ги следи случувањата на Мундијалот:

– Јас лично, не во име на целата наша телевизија, на репрезентацијата на Полска и посакувам најголема пропаст на Мундијалот, вклучувајќи го и Левандовски. Тие се одвратни суштества, изјави Анисимов во емисијата која се пренесуваше во живо.

Ќе биде интересно да се слушне реакцијата на полската страна во наредните денови.

 

Слични содржини