Скандирањето на црногорските навивачи за бурекот хит во регионот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Натпреварот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, кој се одигра синоќа во Подгорица, помина во извонредна атмосфера на трибините на двете страни. Навивањето беше во фер и спортски дух, а домашните навивачи на крајот од натпреварот се „зачинија“ со сочувствително скандирање на сметка на босанските симпатизери.

Како што пренесува Klix.ba, по последниот судиски свиреж организаторите одлучија навивачите од БиХ први да го напуштат стадионот под Горица, а црногорските навивачи беа задржани додека не се испразни трибината со гостинските навивачи.

И додека Бошњаците излегуваа, снаодливите Црногорци почнаа да скандираат „бурек со сирење“, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Тоа е симпатична „провокација“, бидејќи како што е познато, во БиХ традиционалното јадење бурек значи само пита со месо, додека во Црна Гора бурекот не се однесува исклучиво на јадења со месо, туку има многу видови – бурек со месо, сирење, со зелка, итн.

Затоа меѓу двете страни секогаш имало „расправии“, што Црногорците го искористија и на фудбалскиот натпревар за симпатично скандирање.

Слични содржини