Скарлет Јохансон дава ново интервју во последниот број на списанието Playboy. На позадината на гласините дека се развела тајно и со својот втор сопруг Ромејн Дјориак (првиот е Рајан Рејнолдс), актерката вели: “Не верувам дека моногамијата е нешто природно.”
Таа сепак не открива какви ѝ се односите со Французинот, кој е татко на двегодишната нејзина ќерка Роуз.
32-годишната ѕвезда сепак додава дека бракот ѝ се допаѓа како институција: “Мислам дека идејата за брак е многу романтична. Тоа е една убава идеја. А сепак не мислам дека е природно да бидеме моногамни. Многу е тешко. Фактот дека толку многу луѓе не успеваат да бидат верни на партнерот го докажува тоа дека моногамијата е против некои од инстинктите. ”
Јохансон дели во интервјуто дека мајчинството многу ја променило во добра светлина. Најмногу ја научило кои се најважните работи во животот.