Скарлет Јохансон се разделува со сопругот

од Vladimir Zorba
83 прегледи

По двегодишен брак актерката Скарлет Јохансон и францускиот новинар Ромен Дориак се разделуваат, изјави нивен близок за списанието “Пипл”. Според информациите 32-годишната актерка и нејзиниот сопруг биле разделени уште од летото, но сега била донесена конечна одлука да се стави крај на брачните односи.

Последен пат двајцата беа забележани заедно за време на отворањето на нивниот локал за гурманските пуканки Yummy Pop во гастрономскиот главен град на светот – Париз. Долготраен сон и на двајцата.

Тоа сепак не ја заздравило нивната врска. Очигледно на убавата Јохансон не и оди со браковите. Претходно таа беше мажена за колегата Рајан Рејнолдс, но сепак, по двегодишен соживот двајцата се разделија. Сега тој е среќно оженет и со две деца од актерката Блејк Лајвли.