Скарлет Јохансон се разведува

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Скарлет Јохансон потпишала документи за развод со нејзиниот сопруг, францускиот новинар Ромен Дориак по двегодишен брак. Според “Њујорк пост” причина за одлуката на 32-годишната актерка е тоа што бракот на двојката е “неповратно” уништен. Јохансон побарала и првично старателство врз тригодишната ќерка Роуз, иако Дориак е решен да се врати во својата родна Франција со детето.

Тоа го потврди и неговиот адвокат Харлон Мајерсон, според кого случајот за разводот на двојката ќе биде “интересен”.

Сопружниците се венчаа во 2014 година во приватен имот во американската држава Монтана, каде што нивните гости имаа можност да уживаат во возење на коњи, качување и родео претстава.

Проблемите во нивните односи се појавија уште во 2016 година, кога Јохансон потврди дека од летото минатата година е разделена со сопругот. Во тоа време двајцата со Дориак се согласиле на заедничко старателство врз нивната ќерка. Пред тоа Јохансон беше мажена за својот колега Рајан Рејнолдс, со кого се раздели во 2011 година.