Скарлет Јохансон се вери

од Vlatko K
114 прегледи

По двегодишна врска, актерката Скарлет Јохансон се вери за своето момче, сценаристот Колин
Џост, соопшти нејзниот публицист Марсел Парисо.


Датумот на свадбата сé уште не е утврден. За 36-годишниот сценарист, ова ќе биде прв брак, а за
Скарлет – трети. Претходно таа беше мажена за Рајан Рејнолдс и Роман Доријак.

Од вториот брак со Доријак, таа ја има и четиригодишната ќерка Роуз.

Актерката е актуелна со филмовите „Одмаздници: Завршница“ и „Капетанката Марвел“, а следен
филм кадешто ќе може да ја видиме е воената комедија „Зајакот Џоџо“.