Скарлет Јохансон сепак не се разведува?

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Скарлет Јохансон и Роман Доријан приредија изненадување за ѕвездената заедница. Откако светските медиуми објавија за разделбата на брачните другари, тие се појавија заедно на забава како да нема ништо такво.

Двојката се појави на отворањето на изложбата An Uncanny Likeness во њујоршката галерија Simon Lee Gallery што ги натера присутните да воздивнат од изненадување или да подзинат.

Свадбениот прстен недостигаше на раката на холивудската ѕвезда, но двајцата позираа заедно пред фотографите, изгледаа среќни и се однесуваа како пар.

Сега сите го решаваат ребусот што значи оваа заедничка појава. Или немало никаков развод, а инсајдерите се збунети, или пак сепак имало развод, но поранешните сопружници зачувале најдобри односи.

Двајцата минаа под венчило есента 2014 година, што се случи по раѓањето на нивната ќерка Роуз Дороти. Сопружниците ретко се појавуваат заедно на светските настани, ретко и запаѓаат во папараци објективите. Затоа дури сега стана познато за нивната разделба, која инаку наводно се случила минатото лето. Се тврди дека нејзин иницијатор била самата актерка, но која е причината само тие двајцата знаат.