Скаутите во главна улога: Тензии меѓу три водечки клубови во Англија

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Тензијата меѓу три од водечките тимови – Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул – значително порасна во последните недели, информира авторитетното издание „Атлетик“. Како резултат на тоа, Челси одби да им дозволи на скаутите на другите два гиганти да присуствуваат на натпревари на нивните младински формации, а подоцна со исто возврати Ливерпул.

Самата публикација тврди дека причина за тоа е неподготвеноста на големите клубови да им го олеснат пристапот на противниците до школите и нивните таленти. Сепак, овие дејствија се во спротивност со правилата на Премиер лигата, во кои се вели дека тимските скаути имаат слободњ да присуствуваат на натпревари на младинските тимови на други клубови, под услов да ги известат двете вклучени страни до пладне на последниот работен ден пред натпреварот и потоа да покажат правилна идентификација.

Според „Атлетик“, тензијата меѓу клубовите главно започнала со постапките на Челси, но генерално големите клубови прават се за да ги задржат своите големи таленти, во кои се вложени солидни суми. Покрај тоа, овие јуниори се исто така исклучително важни при регистрацијата на тимовите, како за домашните така и за европските клупски турнири, каде што има многу јасни правила дека секој тим мора да има одреден број играчи, производ на сопственото училиште или тренирани на локално ниво.

Слични содржини