Попладнево Фатмир Скендер и Татјана Васиќ – Бозаџиева беа избрани за нови уставни судии на продолжението на 88-та собраниска седница. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
После тоа, тие потпишаа свечена изјава и ветија за совесно и одговорно извршување на функцијата, со почитување на Уставот и законите.
Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.