Скица на iPhone X Plus откриена во најновата бета верзија на iOS 12

од desk2
102 прегледи

Сите гласини покажуваат дека Apple ќе објави три нови модели на iPhone уреди во септември. Тие најверојатно ќе се втора генерација iPhone X со 5.8-инчен екран, iPhone X Plus со 6.1-инчен екран, и поевтин 6.1-инчен iPhone со LCD екран и дизајн сличен на X-от.

Прегледувајќи ја најновата бета верзија на претстојниот iOS 12, програмерот Гилермо Рамбо наишол на скица која ги покажува контурите на поголем смартфон од iPhone X со истиот дизајн, вклучувајќи добро познатиот „notch“ отвор.

Ова е уште една потврда на гласините дека во есен ќе видиме iPhone X Plus, веројатно со 6,5-инчен екран.

Финалната верзија на iOS 12 ќе биде објавена во исто време.