Škoda ги потврди новите Superb и Kodiaq за втората половина од оваа година

од Vladimir Zorba

Заедно со најавата за обновените верзии на моделите Kamiq и Scala, Škoda откри и нови информации за новите генерации на моделите Šuperb и Kodiaq.

Поточно, плановите на Skoda за втората половина од оваа година предвидуваат презентација на новиот Superb, како и новиот Kodiaq (кој ќе биде достапен и во верзија со plug-in хибриден погон.

Накратко, новата генерација на Superb ќе се базира на еволуцијата на платформата MQB, а ќе се нуди во лифтбек и караван верзии на каросеријата.

Новиот Superb ќе се произведува заедно со новиот VW Passat во фабриката во Братислава (Словачка), но се верува дека Passat ќе биде достапен само како караван.

Новиот Kodiaq пристигнува и оваа година и ќе биде придвижуван од мотори на VW Group.

Треба да се спомене дека и Octavia ќе претрпи рестајлинг во 2024 година.

Дополнително, претходно беше потврдено дека до 2026 година ќе пристигнат три целосно електрични модели, меѓу кои и Elroq (помал од Enyaq), како и теренецот со седум седишта кој беше најавен со концептот Vision 7S.

Слични содржини