Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија.
Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.
Поради зголемените трошоци на живот, Синдикатот инсистира на минималец од 600 евра и по 100 евра зголемување на сите останати плати. Владата останува на ставот – за ова прашање, треба да се договорат синдикатот и работодавачите, водиме конструктивен социјален дијалог.