На денешен ден 2014 година , директорот на Гугл, Ален Јустас, скокна од работ на вселената и го проби звучниот ѕид и со тоа го собори рекордот од 39.044 метри што пред две години го постави Феликс Баумгартнер.

Јустас (57) во апсолутна тајност скокна од височина од речиси 42 километри и постави нов рекорд. Самиот го финансираше овој потфат, скокна од неверојатните 41.842 метри, а скокот од работ на вселената до тлото траел 15 минути.

Утрото, по локално време, со балон наполнет со хелиум, од Ново Мексико се искачил до стратосферата, од каде скокнал, а додека паѓал се движел со брзина поголема од 1.300 километри во секунда.

Јустас носел специјално дизајниран скафандер, додека Баумгартнер се искачикал со капсула. Подготовките за овој потфат траеле 34 месеци.