Скола си поигра со Јапонија, Аргентина во четвртфиналето

од Nikola Popovski
304 прегледи

Кошаркарите на Аргентина ја совладаа Јапонија со 97:77 со доминантната игра на Луис Скола.

Легендарниот Скола постигна 23 поени со 10 скока, имаше пет тројки од осум шутеви, па ѝ пресудина Јапонија со добрата соработка со Факундо Кампацо.

Плејмејкерот на Денвер имаше 11 асистенции со седум скока и 17 поени, а Баба парираше со 18 поени со седум скока.

Победата не беше доведена во прашање, бидејќи Дек со 17 и Делија со 14 поени беа двоцифрени, па Јапонија ја заврши групната фаза со сите три порази.

Аргентинците отидоа понатаму како најдобропласирана третопласирана екипа во групата, Германците влегоа во четвртфиналето како втора, а Чешка испадна, која има најлоша кош-разлика.

Билетите за четвртфиналето ги извадија и Франција, САД, Австралија, Италија, Словенија и Шпанија.

Последниот натпревар од групната фаза Словенците и Шпанците ќе го одиграат в недела во 10.20 часот.

Слични содржини