Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс е на мислење дека клубот ќе има сериозни тешкотии со задржувањето на голманот Давид Де Хеа, ако Реал Мадрид повторно се обиде да го привлече.
Како што е познато, вчера се појави информација дека шпанскиот голман и раководството на англискиот клуб се во напредни преговори за продолжување на неговиот договор, кој истекува следната година.
„Тој треба да остане, но тоа ќе биде тешка задача ако Реал Мадрид го сака. Давид покажува дека е најдобар голман во светот и ако Реал го сака, можам да го разберам ако сака да оди таму“, прокоментира Сколс пред Goal.com.
„Ние можеме да го разбереме, бидејќи тој е од Мадрид и во Реал ќе игра за тим кој се бори секоја сезона за освојување на Лигата на шампионите. Во исто време мислам дека Јунајтед има потреба од централен напаѓач, бидејќи во моментов го имаме само Лукаку. Другите се поскоро крила. Со нов централен напаѓач, ќе се отстранат некои од тензиите што е врз Лукаку“, додаде легендата.