Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс беше крајно критичен кон голманот Андре Онана по ремито 2-2 со Олимпик Лион синоќа.
Камерунскиот голман уште еднаш направи грешки во своите настапи, што на крајот го спречи Јунајтед да си замине од Франција победнички и посигурен во реваншот на „Олд Трафорд“ за една недела.
Во интервју за „ТНТ Спортс“, легендарниот играч за врска го анализираше настапот на Онана.
„Веројатно требаше да ја држи устата затворена пред натпреварот. Направи страшна грешка при првиот гол. Лесна топка, воопшто не сум сигурен што се обидуваше да направи. Топката се одбива веднаш пред него, навистина страшна грешка“, изјави Сколс.
За вториот гол го прозва Онана да има „помеки раце“, а исто така изрази мислење дека Јунајтед на лето ќе мора да бара нов голман.
„Голманот е витален дел од тимот. Тој (Онана) не е доволно добар и можеби му треба конкуренција. Во Интер беше еден од најдобрите кога е во прашање работата со нозете, но во Јунајтед не му оди баш најдобро. Му прави многу проблеми на Рубен Аморим и тој го знае тоа“, заклучи Сколс.