182
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување” по член 279 од Кривичниот законик.
Пријавениот, за реализираните приливи на девизни парични средства во вкупен износ од 43.600 евра во 2021 година, кои ги уплатил во готово на сопствената девизна трансакциска сметка, не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10% или данок во износ од 268.140 денари.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 268.140 денари и за истата сума го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.