Скопје блокирано, приватниците ги паркираа автобусите (ГАЛЕРИЈА)

од Nikola Popovski
207 прегледи

Приватните превозници денеска го исполнија ветувањето и ги блокираат крстосниците кај ТЦ Мавровка, кај зградата на Црвениот крст, и булеварот „Илинденска“, со цел да го свртат вниманието кон нив и решавање на проблемот кој што ги имаат со Градот Скопје и ЈСП.

Уште од 6 часот изутрина, приватниците ги паркираа автобусите на трите сообраќајни точки во градот и најавија дека нема да ги тргнат се додека не им биде исплатен барем дел од долгот што го има Јавното сообраќајно претрпријатие кон нив.

Голем број од граѓаните доцнеа за да стигнат на работа, со оглед на сообраќајниот хаос во градот.

-Приватните превозници најавија дека ќе има можеби одредено проширување. Има доволно автобуси, околу 200 се поставени, кој што имаат намера да го свртат вниманието кон себе. Не можат граѓаните да ги критикуваат приватните превозници. Треба да се критикува изворот на проблемот- градоначалничката. Треба да се посочат виновниците каде што се. Очекуваме поддршка од граѓаните, порача денеска директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Неделава се очекува да има нов јавен повик, на кој сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните, ќе имаат можност да се пријават и да ја вршат дејноста, но без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период-вели градоначалничката Арсовска. На приватните превозници треба да им се исплати до периодот до кога нивните автобуси беа вклучени во сообраќајот.

Приватните превозници, пак, велат дека ќе ги искористат сите механизми за да ги добијат околу милион и пол евра кои им ги должи градот, а за раскинатиот договор најавија тужба.

Фото: Локално

Слични содржини