112
На 01.11.2024 година во 13.30 часот во СВР Скопје, Х.Ј. (33) од Скопје пријавила дека на 29.10.2024 година околу 00:30 часот во казино на подрачје на Бит Пазар, додека била на своето работно место, лицето А.Ч. (32) од Скопје ѝ се заканувало, оштетил делови од инвентарот на објектот и фрлал по неа со предмети, загрозувајќи ѝ ја безбедноста.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.