Скопјанец пронајден починат на тротоар на „Илинденска“

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт

од Nikola Popovski
5 прегледи Фото: Архива на Локално

Денеска (28.11.2025) околу 07:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на тротоар на  бул.„Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К.(66) од Скопје, кој претходно беше пријавен дека не се вратил во неговиот дом.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.