Скопјанец пронајден починат во Штипскиот затвор

Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телевизија Стар

На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип е пријавено дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор Штип е пронајден починат осуденикот В.М. (40) од Скопје.

Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

-Извршен е увид на местото на настанот, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта, соопшти Министерството за внатрешни работи.