Скопјанец со возило удрил во тротинет, а потоа и го претепал возачот

Недоразбирање во сообраќајот во Скопје

од Nikola Popovski
39 прегледи

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Слични содржини