Скопјанец чувал рачна бомба во викендица

од Берта Китинска
398 прегледи

Јавен обвинител од Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица. Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“ велат од ОЈО.

Слични содржини