Скопјанец фалсификувал сообраќајна дозвола па бил фатен од полиција

од Берта Китинска
381 прегледи

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и 3 од Кривичниот законик.

Во текот на 2021 година, пријавениот со фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „фолксваген пасат“, кое го земал на користење од негов пријател, а кој пак, го имал закупено возилото од рентакар агенција, го заложил како гаранција во финансиско друштво за одобрување парична позајмица во износ од 360.000 денари.

Слични содржини