„На 13.09.2021 во 14.45 часот во парк на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во книжарница на ул„Ѓуро Стругар“ во Скопје“ – се вели во писменото соопштение на МВР.
Надлежните информираат дека во разговор со полициски службеници,виновникот ги признал делата. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.