Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Т.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот, во периодот од 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за секоја година поединечно, реализираните приливи на парични средства не ги пријавил како личен доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи како даночен орган.
На тој начин тој избегнал да плати данок на личен доход од 10% за реализираните приливи за 2018 година во вкупен износ од 34.470 евра, за 2019 година во вкупен износ од 68.976 евра, во 2020 година 925.850 денари и 104.100 евра и за 2021 година во износ од 71.000 евра.
Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 1.728.465 денари, а за себе во истиот износ прибавил противправна имотна корист.