240
Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице од Скопје добило кривична пријава за „Бесправно градење“ затоа што започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба без да поседува дозвола за градење.
– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против А.А. (61) од Скопје за сторено кривично дело „Бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ, затоа што пријавениот започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба, без да поседува Одобрение за градење издадено од надлежен орган во согласност со чл.56 ст. 1 од Законот за градење, велат од МВР.