Скопјанец извршил обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга

од Nikola Popovski
340 прегледи

МВР приведе 43-годишен скопјанец поради постоење основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга.

Според полицијата, на 06.06.2022 во 04.30 часот од полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(43) од Скопје.

За случајот е известен социјален работник и по негово целосно документирање против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.