Скопјанец извршил седум кражби од мај до октомври

од Nikola Popovski

Полицијата приведе скопјанец, осомничен за кражба во стан, од каде одзел повеќе предмети.

Според МВР, Г.Љ.(47) од Скопје се сомничи дека на 18.10.2021 во станбен објект на ул.„Лондонска“ во Скопје одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници тој признал уште седум кражби кои ги сторил во периодот од мај до октомври оваа година во станбен објект на бул.„8-ми Септември“ во Скопје, каде што одземал повеќе предмети кои подоцна ги продавал.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини