437
На 26.12.2021 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Д.(55) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени неколку кутии со различни видови пиротехнички средства, велат од МВР.
Воедно на 26.12.2021 во 12.20 на ул.„Филип Втори Македонски“ и во 14.55 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар извршиле преглед над О.М. и Ј.К., двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајите против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави.