Синоќа во СВР Скопје Д.К. (40) од Скопје пријавил дека околу 23 часот на крстосницата од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ со булеварот „Јане Сандански“, додека со неговиот малолетен син биле запрени во неговото возило на црвено светло на семафорите, две лица со тврди предмети го оштетиле возилото и се обиделе физички да го нападнат.


Според пријавеното, едното лице вперило и пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Слични содржини