177
Полициски службеници од СВР Скопје во координација со други служби на МВР, вчера во 21.10 часот врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле И.Т.(24) од Скопје, информира МВР.
На скопјанецот му е определен притвор од 30 дена, за кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Лицето било спроведено во казнено-поправна установа.