Скопјани без јавен превоз: „Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи“

од Берта Китинска
294 прегледи

Скопјани денеска останаа без јавен превоз.Вработените во ЈСП не ја добија неисплатената плата.

На вонредната седница на Советот на град Скопје беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалничката Данела Арсовска со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на градот за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.
За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.

Од синдикатите изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.

-Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања. Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.

Лажна дојава за бомба

Лидерот на независниот синдикат на возачи во ЈСП, Африм Муча најави пријава за в.д директорот на јавното претпријатие Александар Стојковски за клевета и навреда.

-Кога пристигнав на работа имав мала расправија со в.д.директорот Александар Стојковски кој јавно пред сите ме обвини дека јас тој бомбаш тоа е голем срам ангажирав адвокат за клевата, кажа Муча.

Тој додаде дека директорот му се обратил со зборовите „Африм ќе видиш ти што ќе ти се случи ова ти го направи денеска“, за што, според Муча, има и сведоци.

В.Д директорот на ЈСП, Александар Стојковски демантираше дека упатил обвинување кон синдикалниот лидер Муча дека тој е одговорниот за дојава на бомбата. Тој рече дека не е прв пат во ЈСП да доцни платата.

Плата вработените ќе добијат рече Стојковски и додаде дека средства ЈСП за превоз на студентите и учениците претходно добивало и за време на ковид пандемијата кога немало настава со физичко присуство и за тоа има соодветна документација.

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров рече дека вработените во ЈСП заслужуваат плати и прават напори да ја реализираат нивната обврска.

-Нашата обврска ќе биде реализирана и ги уверуваме вработените во ЈСП дека платата ќе реализираме согласно сите законски обврски, рече Глигоров, но, согласно законот, платите вработените требаше да ги добијат до 15 месецов.

Глигоров уште еднаш порача дека Министерството за образование должи речиси 2 милиони евра за линиски превоз на учениците и студентите. Дополнително рече дека неколку скопски општини му должат на ЈСП околу 40 милиони денари или околу 650 илјади евра.

Слични содржини