Цената на топлинската енергија за Скопјани ќе се зголеми за 14,18 проценти објави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој воедно потенцираше дека за да има парно ќе биде неопходно да работи централата ТЕ-ТО.
-Сакам да истакнам, за најголемата мрежа во град Скопје, во нашите пресметки, предвидуваме ТЕ-ТО да работи и да задоволи 70 отсто од потребите на потрошувачите, а останатите потреби другите топлани. Тоа е од причина што цената на топлнатите изнесува 9,7 и 9,8 денари, со цел да не се прави подраматично зголемување, утврдивме цената на ТЕ-ТО да биде за речиси 2,5 пати пониска од цената на топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи, зголемувањето на центата на топлинската енергија ќе беше далеку над 100 отсто. Без да работи ТЕ-ТО, цената на топлинската енергија значително ќе порасне, и ако не работи, односно не произведува струја, ќе имаме значително поскапување на топлинската енергија. Дополнително што мора да се обезбеди природен гас за производство на топлинска енергија – посочи Бислимовски.