Скопјани тепале тетовци на Попова Шапка

од Nikola Popovski
386 прегледи

МВР информира за уште еден инцидент на првиот новогодишен ден. Имено дошло до физички напад во угостителски објект на Попова Шапка.

-На 01.01.2022 во 13.30 часот во угостителски објект на Попова Шапка, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(34), С.И.(30), Б.Л.(32) и Д.Д.(25), сите од Скопје, затоа што околу 13.00 часот, пред угостителскиот објект, физички ги нападнале Ж.Н.(49) од с.Брвеница и Ц.Б.(28) од Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Слични содржини