Скопјанка кривично ќе одговара: Заработила голема сума пари, но не ги пријавила во УЈП

од Берта Китинска
384 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Пријавената, како физичко лице во текот на 2020 остварила приход од 2.693.150 денари преку брз трансфер на пари од неколку лица од Германија и го уплатила на своја трансакциска сметка во банка во Скопје. Остварениот приход таа не го пријавила и не поднела годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и на тој начин одбегнала да плати данок на доход од 10% од вкупниот доход, што е спротивно на Законот за данок на личен доход и Законот за даночна постапка, велат од МВР.

На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 269.315 денари.

Слични содржини