Скопјанка нападната од бугарски државјанин во кафуле во Центар

од Nikola Popovski
44 прегледи

МВР информира дека бугарски државјанин ја нападнал својата партнерка од Македонија. Немилиот настан се случил синоќа во кафуле во центарот на Скопје.

Според полицискиот билтен, на 15.04.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.И.И.(56) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22 часот на 14.04.2025 во угостителски објект на подрачје на Центар ја нападнал и со тврд предмет ја удрил неговата 48 – годишна партнерка од Скопје.

Полицијата најавува соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Слични содржини