Скопјанка оштетена со 7260 евра: И рекле дека ќерка и усмртила дете во сообраќајка и ќе ја спасат од затвор

од Берта Китинска
181 прегледи

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра.

Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа во која починало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор.

Како што било пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Слични содржини