253
Втор случај на напад со воздушна пушка во Скопје, во рок од неколку дена.
Според МВР, доцна синоќа во 22.49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје.
Според А.М.М., таа била погодена додека се движела пеш по улицата Стале Попов” кон улицата Пролет”.
Претходно, на 30.08.2022 околу 17.30 часот на работното место како обезбедување во приватна фирма на територија на н.Пинтија почувствувал болка во ногата, по што бил пренесен во болница.