Скопјанка во шести месец од бременоста дома родила мртво бебе

од Берта Китинска
370 прегледи

На 05.07.2020 во 14.16 часот во Полициската станица Драчево, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека жена од с.Драчевица, скопско, која била бремена во шести месец, во итна медицинска помош пријавила дека, додека била сама дома, родила мртво бебе.

Од лекар од Итна медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Слични содржини